ЕСМ Снабдување со топлина, во законска постапка ја презема базата на податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба, населба Автокоманда потребна за изработка, достава и наплата на фактурите

Ја известуваме јавноста дека ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА во законска постапка ја презема базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ ПОДРУЖНИЦА ЕНЕРГЕТИКА – Скопје потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во градот Скопје

Пунктот за потрошувачи “Аеродром” на ЕСМ Снабдување со топлина на нова локација

Почитувани потрошувачи, Ве известуваме дека од 01.03.2023 година пунктот за потрошувачи во Аеродром на ЕСМ Снабдување со топлина ќе биде преселен на адреса бул. Јане сандански 11 (во близина на Мајчин Дом).