Пунктот за потрошувачи “Аеродром” на ЕСМ Снабдување со топлина на нова локација

Почитувани потрошувачи, Ве известуваме дека од 01.03.2023 година пунктот за потрошувачи во Аеродром на ЕСМ Снабдување со топлина лоциран на адреса бул. Јане Сандански 49 (во близина на објектот на ТЦ Капитол) ќе биде преселен на адреса бул. Јане сандански 11 (во близина на Мајчин Дом).

Пунктот за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина лоциран на адреса Јане Сандански 49 (во близина на објектот на ТЦ Капитол) не е повеќе во функција. Согласно горенаведенотo, идните плаќања, дополнителни услуги и информации кои Ви се потребни од наведениот пункт ќе можете да ги остварите на адреса бул. Јане сандански 11 (во близина на Мајчин Дом).

Со почит,

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022