Потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона 2022/2023
Во пресрет на новата грејна сезона 2022/2023, ги повикуваме потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона.