НОРМАЛИЗИРАНА ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО АВТОКОМАНДА
Во текот на попладневните часови, екипите на ЕСМ Дистрибуција успешно ги завршија сите предвидени активности за санирање и отстранување на дефектот и со завршувањето на овие интервенции, целосно е нормализирана испораката на топлинска енергија до потрошувачите на Автокоманда.
ПРЕКИН ВО ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО НАСЕЛБА АВТОКОМАНДА
Поради санација на дефект на дистрибутивната мрежа, денес, со почеток од 11:30 часот, ќе има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите во населба Автокоманда.