НОРМАЛИЗИРАНА ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО КАРПОШ 1
Во текот на денешниот ден, екипите на ЕСМ Дистрибуција успешно ги завршија сите предвидени активности за санирање и отстранување на дефектот на ул. Мирка Гинова и со завршувањето на овие интервенции, целосно е нормализирана испораката на топлинска енергија до потрошувачите во Карпош 1.