ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ НА МАГИСТРАЛНИОТ ВОД ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ БИДАТ ПРИЧИНА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

Во текот на вечерните часови, денеска 24 јануари, предвидени се завршни активности за санација на делница од магистралниот вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.