ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КАЈ ДЕЛ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Привремен прекин на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од магистралниот вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.

СЕ НОРМАЛИЗИРА ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Во раните утрински часови, екипите на ЕСМ Дистрибуција успешно ги завршија сите предвидени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистрален вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.