СЕ НОРМАЛИЗИРА ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Во раните утрински часови, екипите на ЕСМ Дистрибуција успешно ги завршија сите предвидени и исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.

По завршувањето на овие интервенции, испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод целосно се нормализира. Се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар.

Друштвата формирани од АД ЕСМ се гордеат со посветеноста и ангажманот на сите вработени кои ја завршија санацијата на магистралниот вод во текот на ноќта.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022