НОРМАЛИЗИРАНА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО СКОПЈЕ

Поради зголемените загуби на вода во системот, двете топлани Исток и Запад беа привремено запрени. Еден од дефектите, кој беше лоциран кај ул. Павел Шатев (Бихаќка), е изолиран и целосно саниран, по што топланите повторно се ставени во функција за испорака на топлинска енергија.