


ПРЕКИН НА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИ ЗАГУБИ НА ВОДА ВО ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА
- October 2, 2025
- 12:54

Поради зголемените загуби на вода во системот и потребата од изолација на истекување вода од вод на дистрибутивната мрежа во реонот околу ул. Павел Шатев (Бихаќка) 3, топланите Исток и Запад нема да испорачуваат топлинска енергија околу три часа.
Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилност и нормализација на снабдувањето. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо враќање на редовната испорака на топлина до потрошувачите.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022