НА 19.10.2026 ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ НЕМА ДА ИМА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ПОРАДИ ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ

Поради променливите временски услови и прогнозите за повисоки температури од вообичаените за овој период од годината, при што се очекува температурите да се повисоки од 15 °C, денес во попладневните часови, не се планира испорака на топлинска енергија до потрошувачите, во согласност со Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија на РКЕ.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА УСЛОВИТЕ ЗА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА НА ПОЧЕТОКОТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА

Испораката на топлинска енергија се одвива во согласност со одредбите од Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија, одобрени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Овие подзаконски акти ги дефинираат условите и начинот на испорака на топлинска енергија до крајните потрошувачи. Во согласност со регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачи во месеците октомври и ноември, односно на почетокот на грејната сезона, зависи од надворешните температури и атмосферските услови во различни периоди од денот.