Поради надворешните временски услови грејната сезона 2022/2023 е продолжена

За ден 16.04.2023 година, се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија до потрошувачите.

Согласно регулативата, грејната сезона трае до 15-ти април и истата може да биде продолжена до 30-ти април, во зависност од временските услови. Во периодот од 16-ти до 30-ти април, испорака на топлинска енергија се врши доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени Целзиусови (согласно податоците од Управа за хидрометеоролошки работи). Одлука за испорака на топлинска енергија во деновите после 15-ти април, на дневно ниво носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ.

За 16.04.2023 година за Скопје прогнозата за средна дневна температура од Управата за Хидрометеролошки работи изнесува 11.8 ˚С со што се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија за потрошувачите.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022