Фактурите за топлинска енергија се доставуваат до потрошувачите во еден примерок, на еден од следните начини:
По електронска пошта, со услугата „е-фактура“ по претходна согласност од потрошувачот;
Во поштенско сандаче во печатена форма.
За да ја активираат услугата „е-фактура“ потрошувачите е потребно да достават “формулар е-фактура” по електронска пошта contact@esm-snabduvanje.mk или да го доставaт во најблискиот Пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина.