Друштвото за снабдување со топлинска енергија ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје е основано на ден 29.07.2022 година од страна на Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост Скопје, како основач и единствен содружник.
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје е друштво кое врши јавна дејност снабдување со топлинска енергија.
Јавната дејност снабдување со топлинска енергија друштвото ја извршува согласно Законот за енергетика и Лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија (УП1 Бр.11-383/22) издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со важност од 14.10.2023 година. Лиценцата е со период на важење од 10 години.
Врз основа на одредбите од лиценцата, ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје врши енергетската дејност снабдување со топлинска енергија за потребите на потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир.
Основна мисија и цел на друштвото е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите и нивна заштита.
Друштвото својата дејност ја извршува преку четири пунктови за потрошувачи:
Адреса: Улица Лондонска бр. 8, Скопје
Адреса: 11 Октомври бр. 9, Скопје
Адреса: Ул. Јане Сандански бр.59 1/1 – мезанин
Адреса: Улица Јани Лукровски 8, Скопје
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022