Jа информираме јавноста дека за 27.4.2023 година се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија.
Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11,2˚С за 27.4.2023 година од Управата за Хидрометеролошки работи.
Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.
За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022