- October 15, 2023
- 10:54
Започна новата грејна сезона 2023/2024
Денес, 15 октомври, започна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на град Скопје со кој управува ЕСМ.
Топланите стартуваа со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запре во 10:00 часот.
Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ
По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува.
Повторно апелираме до потрошувачите и “Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.
Со почит,
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022