Испораката на топлинска енергија кон крајот на грејната сезона се одвива согласно регулативата

Снабдувањето со топлинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ се одвива согласно законската и подзаконската регулатива, со цел да се обезбеди оптимална потрошувачка.

Регулативата детално ги дефинира условите за испорака на топлинската енергија до потрошувачите по направените дневни и ноќни прекини во зависност од атмосферските услови и висината на надворешните температури во различни периоди од денот.

Во овој период од годината при променливи атмосферски услови, кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредена гранична вредност, се врши прекин на испораката на топлинската енергија. Доколку надворешните температури паднат под одредени гранични вредности, централното греење повторно се вклучува. Важно е да се напомене дека во услови на високи прогнозирани надворешни температури и поволни атмосферски услови, топланите не стартуваат со работа.

За сите неопходни информации потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022

Edit Template