Во зависност од надворешните временски услови, грејната сезона може да продолжи и по 15 април

Снабдувањето со топлинска енергија, согласно регулативата, по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена, до 30-ти април, во зависност од временските услови.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ  ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ.

За сите неопходни информации потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022

Edit Template