Не се создадени услови за испорака на топлинска енергија за 7.10.2024 година

Jа информираме јавноста дека за 7.10.2024 година не се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија.

Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 15˚С за 7.10.2024 година од Управата за Хидрометеролошки работи.

Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите вообичаено започнува од 15 октомври, но може да започне и од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022