САНИРАН Е ДЕФЕКТОТ КАЈ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ОБЈЕКТИТЕ И НОРМАЛИЗИРАНА Е ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

Екипите на ЕСМ Дистрибуција успешно ја нормализираа испораката на топлинска енергија за објектите што имаа проблеми во текот на денешниот ден. Денес, екипите активно работеа на отстранување на техничкиот дефект на системот за контрола и управување на дистрибутивниот систем. Активностите ќе продолжат и утре, во раните утрински и претпладневните часови, сè додека не се извршат интервенции во преостанатите објекти.

 

Кај поголем дел од објектите кои имаа проблеми со испораката, дефектот е отстранет и снабдувањето е нормализирано. Се очекува утре, во пладневните часови, потрошувачите да имаат редовна испорака на топлинска енергија.

 

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022