НАМАЛЕНА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИ ЗАГУБИ НА ВОДА ВО ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА
- January 20, 2025
- 09:57
Поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа дел од потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина ќе почувствуваат намален квалитет во испораката на топлинска енергија.
Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.
Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022