ПРЕКИН ВО ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КАЈ ДЕЛ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа дел од потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина почувствуваа намален квалитет во испораката на топлинска енергија.

Екипите на Дистрибуција на топлина веднаш излегоа на терен, го лоцираа проблемот и го локализираа дефектот. Станува збор за магистрален вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.

„Двегодишната тотална негрижата и неодржување на дистрибутивната мрежа од претходното раководство кое несовесно и неодговорно ја раководеа компанијата придонесуваат за појава на вакви неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод“, вели Петар Милетиќ, директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.

До санација на дефектот на магистралниот А вод на булевар Кочо Рацин со прекин во испораката на топлинска енергија ќе бидат станбените објекти:

  • Кочо Рацин број 3, 5, 7, 7А, 8, 9, 10, 14, 18, 20, 26, 28
  • Кеј 13 Ноември број 8, 12, 18, 20
  • 11 Октомври број 2, 3, 21, 23, 29, 31
  • Битолска број 1
  • Димитрие Чуповски број 4
  • Истарска број 33
  • Јосиф Јосифовски број 39
  • Македонија број 22
  • Мирче Ацев број 22
  • Пролет број 1, 9, 9А, 11А
  • Стив Наумов број 15, 61А, 63, 114
  • Тетовска број 28, 33, 40

 

Како и деловните објекти:

  • Кочо Рацин број 12 (градинка Пинокио), 14
  • Кеј 13 Ноември број 6 (Телеком), 14
  • 11 Октомври број 1 (Сити Галери), 2 (Пелистер), 7 (Стопанска банка), 9 (ЕСМ), 11 (Градски трговски центар), 15 (Градска болница), 17 (Социјалистичка партија), 19, 25 (Македонија осигурување), 27 (Управа за јавни приходи)
  • 12 Ударна бригада број 2А (Управа за јавни приходи и Сојуз на синдикати)
  • 3-та Македонска ударна бригада број 9 (Гимназија „Корчагин“)
  • Кузман Јосифовски Питу број 1 (Народна банка)
  • Димитрие Чуповски број 4 (Театар за деца и младинци)
  • Мирче Ацев број 2 (Катна гаража Разловечко востание)
  • Моша Пијаде број 1 (Работнички универзитет)
  • Плоштад Македонија ББ (Канет, дирекција Јахја Кемал)
  • Пролет број 4 (Психијатриска болница), 17 (Полициска станица)
  • Стив Наумов број 77 (Поликлиника МВР).

 

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022