НОРМАЛИЗИРАНА Е ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
- January 22, 2025
- 12:10
Нормализирана е испораката на топлинска енергија кај потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од магистралниот вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.
Бидејќи се работеше за сериозни и исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, во следниот период будно ќе ја следиме состојбата на оваа чувствителна делница од топлификацискиот систем. Имено, при привршување на започнатите активности за санација на дефектот и при полнење топлификацискиот систем со зголемување на работниот притисок, се појавуваа нови пукнатини на цевководите што ја пролонгираа нормализацијата на испораката на топлинската енергија.
Нередовното одржувањето на старата инфраструктурна топлификациска мрежа која датира од средината на шеесеттите години на минатиот век, на територијата на Град Скопје, со која, од пред две години управува АД ЕСМ е причина за вакви чести истекувања на топлиноносителот низ топловодите.
Темелната санација на делницата од цевководот на булеварот Кочо Рацин, иако била нотирана и планирана, таа никогаш не е реализирана поради што по завршување на оваа грејна сезона ќе се пристапи кон долгорочна санација.
ЕСМ Дистрибуција на топлина, интензивно работеше на привремени санации на дефектот, со цел испораката на топлинска енергија да се нормализира во најкраток можен рок.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022