ПО ЗАМЕНА НА ДЕЛ ОД ЦЕВКОВОДОТ НА МАГИСТРАЛНИОТ ВОД ВО ЦЕНТАР, НОРМАЛИЗИРАНО Е СНАБДУВАЊЕТО СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА
- January 25, 2025
- 07:00
Успешно и ефикасно е завршена замената на дел од цевководот од магистралниот вод А во општина Центар, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.
По завршување на полнењето на магистралниот и секундарните топловоди, нормализирано е снабдувањето со топлинска енергија кај приклучените потрошувачи на оваа делница.
Со овој зафат се очекува стабилност на системот за тековната грејна сезона. Планирано е, по нејзиното завршување, да се пристапи кон долгорочна санација на делницата од цевководот на булеварот Кочо Рацин, со цел трајно решавање на состојбата и обезбедување непречено и квалитетно снабдување со топлинска енергија.
Овие активности се дел од стратегијата за унапредување на дистрибутивната мрежа и гарантирање сигурност и ефикасност во испораката на топлинска енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022