


ПОРАДИ НАДГРАДБА НА СИСТЕМОТ, КОНТАКТ ТЕЛЕФОНОТ ЗА ГРИЖА НА ПОТРОШУВАЧИ ЌЕ БИДЕ ПРИВРЕМЕНО НЕДОСТАПЕН
- April 15, 2025
- 09:42

Почитувани потрошувачи,
Ве известуваме дека поради неопходна надградба на системот од страна на НЕОТЕЛ, главниот контакт телефонски број на Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, 02 30 76 200, ќе биде привремено недостапен во период од приближно 24 до 48 часа.
За време на овие активности, Ве молиме да го користите алтернативниот телефонски број за контакт со нашиот Центар за грижа на потрошувачи: 075 400 100, или да ни пишете на електронската пошта: contact@esm-snabduvanje.mk. Овие можности за контакт ќе бидат достапни додека нашиот примарен телефонски број повторно не биде во функција.
Се извинуваме за евентуалните непријатности и Ви благодариме на разбирањето. Оваа надградба е неопходна за обезбедување на поквалитетни и ефикасни услуги за сите потрошувачи.
Со почит,
ЕСМ Снабдување со топлина
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022