


ГРЕЈНАТА СЕЗОНА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ И ПО 15 АПРИЛ ВО ЗАВИСНОСТ ОД НАДВОРЕШНИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
- April 15, 2025
- 09:57

Снабдувањето со топлинска енергија, согласно регулативата, по правило се врши до 15 април. Сепак, поради актуелните временски услови и прогнозите за задржување на ниските температури, постои можност за продолжување на снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и по 15 април, најдоцна до 30 април.
Конечната одлука за евентуално продолжување на греењето секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ (РКЕ). Одлуката ќе зависи од тоа дали ќе бидат исполнети условите за снабдување, односно дали прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден ќе биде еднаква или помала од 12°C, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ.
ЕСМ Снабдување со топлина ќе ги следи одлуките на РКЕ и секојдневно ќе ја информира јавноста за сите евентуални промени во режимот на снабдување со топлинска енергија.
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022