


НЕ СЕ СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА 23.4.2025 ГОДИНА
- April 22, 2025
- 09:42

Jа информираме јавноста дека за 23.4.2025 година не се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија.
Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 17˚С за 23.4.2024 година од Управата за Хидрометеролошки работи.
Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022