ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ НА ПУНКТОВИТЕ ЗА ПОТРОШУВАЧИ
- December 1, 2025
- 09:40

Почитувани потрошувачи,
Ве известуваме дека пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина ќе работат по ново работно време, почнувајќи од 01.01.2026 година, и тоа:
- понеделник, вторник, четврток и петок: 08:30 – 16:30 часот
- среда: 08:30 – 19:30 часот
- за викендите (сабота и недела) пунктовите нема да работат
Воедно, ве охрабруваме да ги користите електронските услуги што ви стојат на располагање преку нашата веб-страница www.esm-snabduvanje.mk, како и електронските канали за комуникација (contact@esm-snabduvanje.mk) и плаќање (киоск за наплата, „Брзо плаќање“, EsmEpay услугата).
На нашата веб-страница можете да:
- поднесувате барања преку веб-формулар за пријава на дефект или рекламации за греење (течење, проблем со греење, бучење, пристап до топлинската станица), како и услуги поврзани со сметки/фактури, сервис и останати услуги;
- добивате информации преку Центарот за грижа на потрошувачи (преглед на моментално затворени објекти и сл.);
- извршувате електронско плаќање преку „Брзо плаќање“ – само со внесување на бројот на фактурата, без потреба од регистрација, или преку EsmEpay услугата – со креирање кориснички профил за еден или повеќе имоти, со можност за преглед, филтрирање и плаќање на сите доспеани фактури, како и внес на состојба на мерилото кај индивидуални објекти;
- ја активирате услугата е-фактура со доставување на пополнет „формулар е-фактура“ по електронска пошта или во најблискиот Пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина.
Нашите пунктови остануваат достапни во новото работно време, а електронските услуги претставуваат дополнително олеснување и поволност за побрза и поефикасна комуникација и навремено регулирање на обврските.
Ви благодариме на разбирањето и соработката.
Со почит,
ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022