НЕ СЕ СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА 16.4.2026 ГОДИНА
- April 15, 2026
- 12:05

Jа информираме јавноста дека за 16.4.2026 година не се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија.
Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 15,7˚С за 16.4.2026 година од Управата за Хидрометеролошки работи.
Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.