ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА НА 1-ВИ И 2-РИ МАЈ

Ги известуваме сите потрошувачи дека, согласно насоките од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), испораката на топлинска енергија во Скопје ќе продолжи и во деновите 1-ви и 2-ри мај 2026 година.

 

Оваа одлука е донесена врз основа на прогнозата за среднодневната температура на воздухот добиена од Управата за хидрометеоролошки работи, која предвидува невообичаено ниски температури за овие два дена. За да се задоволат потребите на граѓаните во овие услови, испораката на топлинска енергија ќе продолжи и по официјалниот крај на грејната сезона.

 

ЕСМ Снабдување со топлина останува посветено на обезбедувањето на јавната услуга и континуиран комфор во домовите на граѓаните согласно сите законски обврски.

 

Со почит,

ЕСМ Снабдување со топлина

Архива на известувања