ПОДГОТОВКИ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ГРЕЈНА СЕЗОНА 2026/2027

ЕСМ Снабдување со топлина ги повикува сите потрошувачи навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи нивното редовно одржување е обврска на корисниците. Завршените интервенции потребно е да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со цел да се обезбедат услови за непречено снабдување со топлинска енергија.

 

Воедно, важно е заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на топлинските станици. Тоа подразбира редовно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација.

 

Согласно регулативата, официјалниот почеток на грејната сезона 2026/2027 е 15 октомври 2026 година за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, согласно податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Како дел од подготовките пред почетокот на грејната сезона, ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе започна со ладна циркулација на водата од топланите. До 30.09.2026 година, ладната циркулација ќе се врши секој работен ден во периодот од 09:00 до 14:00 часот, со цел да се извршат неопходните проверки на состојбата на дистрибутивната мрежа и топлинските потстаници.

 

За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

Архива на известувања