НЕ СЕ СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА 01.10.2026 ГОДИНА

Ја информираме јавноста дека за 01.10.2026 година не се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија.

Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 17˚С за 01.10.2026 година, од Управата за хидрометеоролошки работи.

Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите вообичаено започнува од 15 октомври, но може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

 

Архива на известувања