УТРОВО ПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА, ВО МОМЕНТОВ Е РЕГИСТРИРАН ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН ЗА ДЕЛ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ
- October 13, 2026
- 09:01

Денес, во раните утрински часови, започна испораката на топлинска енергија за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина и Подружница „Енергетика“.
Во моментов, поради зголемени загуби на вода во дистрибутивната мрежа, привремен прекин во испораката на топлинска енергија е регистриран кај дел од потрошувачите во Општина Центар, Општина Кисела Вода, Општина Аеродром и во населбата Автокоманда во Општина Гази Баба.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на лоцирање, изолирање и санирање на дефектот. Екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовното снабдување со топлинска енергија до засегнатите потрошувачи.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина на броевите 02 3076 200 и 075 400 100.