НА 20.11.2026 НЕМА ДА СЕ ВРШИ ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ПОРАДИ ВИСОКАТА НАДВОРЕШНА ТЕМПЕРАТУРА
- November 20, 2026
- 06:54

Почитувани потрошувачи,
Поради променливите временски услови и прогнозите за повисоки температури од вообичаените за овој период од годината, при што се очекува температурите да се повисоки од 15 °C, денес во попладневните часови, не се планира испорака на топлинска енергија до потрошувачите, во согласност со Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија на РКЕ.
Напомена: Доколку фактичките временски услови се разликуваат од прогнозираните и се исполни условот од подзаконските акти, ќе се врши испорака на топлинска енерија.