Наплатниот пункт “Центар” на ЕСМ Снабдување на нова локација

Нов наплатен пункт “Центар”, на ЕСМ Снабдување со топлина, е отворен на нова локација во ГТЦ, во строгиот центар на градот, во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ кој се наоѓа на ул. 11 Октомври 9. Во насока да обезбедиме навремена и квалитетна грижа за своите клиенти, ставивме акцент на достапноста на услугите до населението и до бизнис секторот.

Новиот наплатен центар е направен согласно стандардите, со цел да ги услужи потрошувачите за идните плаќања на фактурите за топлинска енергија, склучување на договори како и за дополнителни услуги и информации кои им се потребни.
Наплатниот центар на ЕСМ Снабдување со топлина лоциран на адреса бул. Кочо Рацин бр. 33– Олимписки базен не е повеќе во функција.

Воедно Ве информираме дека останатите два наплатни центри лоцирани на адреса ул. Лондонска бр. 8 (населба Тафталиџе) и адреса бул. Јане Сандански бр. 49 (населба Аеродром) си остануваат на истото место.

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022