ЕСМ Снабдување со топлина воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет страница ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk). Воведувањето на новиот систем за електронско плаќање е резултат на определбата на ЕСМ Снабдување секогаш да им излегува во пресрет на барањата и потребите на потрошувачите.
Фактурите за топлинска енергија потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на нашата веб страната, во делот “ПЛАТИ СМЕТКА” користејќи две веб услуги.
За да може потрошувачите да ги користат услугите за електронско плаќање на фактурите потребно е да ги следат упатствата поставени кај соодветната веб-услуга на веб страницата на ЕСМ Снабдување Упатство за користење на услугата EsmEPay – кориснички профил или Упатство за користење на услугата “Брзо плаќање” .
Новата интернет страница покрај тоа што претставува брз и ефикасен канал за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија, обезбедува и можност за преземање на “Формулар за е-фактура” и “Договор за снабдување со топлинска енергија” како и информации за
Со почит,
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022