Ја известуваме јавноста дека ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА во законска постапка ја презема базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ ПОДРУЖНИЦА ЕНЕРГЕТИКА – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во градот Скопје.
Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот АД ЕСМ ПОДРУЖНИЦА ЕНЕРГЕТИКА – Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија.
ЕСМ Снабдување со топлина во иднина ќе биде Контролор на личните податоци и истите ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци.
Сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.
Со почит,
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022