Информација за условите за испорака на топлинска енергија кон крајот на грејната сезона

Снабдувањето со топлинска енергија до потрошувачите се одвива во согласност со законските и подзаконските акти што ги регулираат и дефинираат условите за испорака на топлинска енергија. Регулативата детално ја дефинира испораката на топлинска енергија во работни денови, викенд и празници, прекините во испораката на топлинска енергија при сончево и при облачно време, прекини на испораката при крајот на денот како и стартувањето на испорака на топлинска енергија по направените прекини.

Во овој период од годината кога надворешните временски услови се променливи, испораката на топлинската енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и висината на надворешните температури во различни периоди од денот. Со овие правила и дијаграми на испорака, што детално ги дефинираат прекините како и условите за почеток на испораката на топлинска енергија по направените дневни и ноќни прекини, се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на потрошувачите.

При тоа, при точно дефинирани атмосферски услови кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, се врши прекин на испораката на топлинската енергија, односно системот за централното греење се исклучува и топланите паузираат во испораката на топлинска енергија, а кога прогнозираните надворешни температури ќе се под одредени гранични вредности, централното греење повторно се вклучува. Важно е да се напомене дека во услови на високи прогнозирани надворешни температури и поволни атмосферски услови, топланите не стартуваат со работа.

За сите неопходни информации потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100

Со почит,

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022