Нормализирана е испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите во населбата Капиштец

Испораката на топлинска енергија по настанатиот прекин во најкус можен рок е целосно нормализирана за дел од потрошувачите во населбата Капиштец.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина го отстранија дефектот на дистрибутивната топлинска мрежа кој беше лоциран на улицата ул.Загребска.

Потрошувачите од овој реон имаат навремена испорака на топлинска енергија, согласно редовната динамика.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и  075400100.

Со почит,

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопј

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022

Edit Template