СУБВЕНЦИИ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА И ОВАА ГРЕЈНА СЕЗОНА

Фактурите за топлинска енергија за грејна сезона 2023/2024, кои ќе се испорачуваат до потрошувачите од категоријата домаќинства во следниот период, а се однесуваат на месеците јануари, фавруари, март и април ќе ја вклучуват мерката за субвенционирање на цената на топлинската енергија. Субвенциите кои се однесуваат на месеците октомври, ноември и декември, ќе бидат вкалкулирани и ќе го намалат износот на потрошениот реален надоместок за грејната сезона.

Износот на субвенциите односно финансиската поддршка за секој потрошувач е прикажана во фактурата за секој месец пооделно и го намалува износот на надоместокот за топлинска енергија по мерач.

Финансиската поддршка, ќе обезбеди намалување на израмнителните сметки во месеците мај, јуни и јули,  кога потрошувачите ќе го почувствуваат бенефитот од  мерката.

 

Друштвото ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје како носител на лиценцата за снабдување со топлинска енергија, дејноста ја извршува врз основа на законски и подзаконски акти кои го регулираат пазарот на топлинска енергија. Друштвото има обврска да ги почитува и економските мерки за справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза донесени од Владата на РСМ.

Потрошувачите во периодот август-април добиваат авансни сметки-фактури, а разликата на количината на испорачана топлинска енергија до потрошувачите (што е регистрирана на мерилата во топлинските станици) од прогнозираната во авансните фактури, ќе биде израмнета во сметките што потрошувачите ќе ги добијат во текот на мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување. Во текот на целата година, во своите сметки на задната страна добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, колкава е ангажираната моќност и колкава е разликата помеѓу реалниот и надоместокот кој потрошувачите го авансирале со авансните фактури.

Со почит,

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022

Edit Template