ДЕФЕКТ НА ВОД НА БУЛ. КРСТЕ МИСИРКОВ (ОБНОВЕНА ИНФОРМАЦИЈА)
- January 18, 2026
- 08:44

Дефектот на дистрибутивната мрежа кој вчера предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, е лоциран и изолиран на вод ДН125 на бул.Крсте Мисирков. Во моментов, екипи на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и интезивно работат на санација на дефектот. Поради тоа, прекин на испораката на топлинска енергија има кај следните потрошувачи:
- Крсте Мисирков бр.7А, 7Б, 9, 11, 13, 15, 17
- Филип II Македонски бр.22
- Ул.191 бр.14Б
Дефектот ќе биде саниран во најкраток можен рок, во текот на денешниот ден.
Испораката на топлинска енергија за останатите потрошувачи во дистрибутивниот систем се одвива непречено.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Архива на известувања
Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022