НОРМАЛИЗИРАНА ИСПОРАКАТА ВО АЕРОДРОМ, КИСЕЛА ВОДА И АВТОКОМАНДА, ПРЕКИНОТ СÈ УШТЕ ТРАЕ ВО ДЕЛОВИ ОД ЦЕНТАР
- October 13, 2026
- 13:17

По лоцирањето и изолирањето на дефектите на дистрибутивната мрежа, испораката на топлинска енергија е нормализирана за потрошувачите во Општина Аеродром, Општина Кисела Вода и населбата Автокоманда во Општина Гази Баба.
Прекин во испораката на топлинска енергија поради санирање на дефекти на дистрибутивната мрежа сè уште има кај дел од потрошувачите во Општина Центар, на следниве адреси:
Стара скопска чаршија:
- Покриена чаршија бб – Факултет за ликовна уметност
- Евлија Челебија бб – Музеј на РСМ и Национална установа Конзерваторски центар
- Прохор Пчински бр. 30 – ООУ „Јашар Беј Шкупи“
- Макарие Фрчковски бр. 8 – Национална установа Конзерваторски центар
- Битпазарска бб – Национална галерија – Чифте Амам
Делови од Општина Центар:
- 11 Октомври бр. 25, 27, 29 и 31 – Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп
- Славко Јаневски бр. 13, 75, 77 и 118А
- Јосиф Јосифовски Свештарот бр. 39
- Пролет бр. 1, 4, 9, 9А, 11 и 11А
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и интензивно работат на санирање на дефектите и на нормализирање на испораката на топлинска енергија и за овие потрошувачи.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина на броевите 02 3076 200 и 075 400 100.