НОРМАЛИЗИРАНА ИСПОРАКАТА ЗА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
- October 14, 2026
- 06:55

По вчерашниот прекин на испораката на топлинска енергија за потрошувачите во Старата скопска чаршија и Општина Центар, испораката е нормализирана за најголем дел од потрошувачите. Прекин во испораката на топлинска енергија сè уште има кај потрошувачите на следниве адреси:
Општина Центар:
- Пролет бр. 17 – Сообраќајна полиција
Стара скопска чаршија:
- Макарие Фрчковски бр. 8 – Национална установа Конзерваторски центар
- Евлија Челебија бб – Музеј на РСМ и Национална установа Конзерваторски центар
- Прохор Пчински бр. 30 – ООУ „Јашар Беј Шкупи“
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и интензивно работат на санирање на дефектите и нормализирање на испораката на топлинска енергија и за овие потрошувачи.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина на броевите 02 3076 200 и 075 400 100.