Во интерес на потрошувачите и заедницата, продолжуваме да работиме на оптимизација на трошоците на системот за централно греење

Ја известуваме јавноста и потрошувачите дека од 01.02.2023 година ЕСМ Дистрибуција на топлина ја извршува енергетската дејност дистрибуција на топлина и во населбата Автокоманда, општина Гази Баба, согласно Одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Заради оптимирање на трошоците и зголемување на ефикасноста на двата системи за централно греење кои функционираат одделно согласно лиценците: ЕСМ Енергетика и системот кој го сочинуваат ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство и ЕСМ Снабдување, извршено е одделување на мрежа која се наоѓа во населбата Автокоманда од ЕСМ Енергетика и нејзино спојување на дистрибутивната со мрежата која ја управува ЕСМ Дистрибуција и овие две мрежи се сега една функционална целина.  

Согласно Законот за енергетика, ЕСМ дистрибуција на топлина, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, има склучено договор со ЕСМ Снабдување со топлина за продажба на топлинска енергија наменета за потребите на потрошувачите.

Токму затоа потрошувачите од оваа населба, од 1 февруари се потрошувачи на ЕСМ Снабдување. Во постапка согласно Законот за заштита на лични податоци во наредниот период ќе се изврши преземање на податоците на потрошувачите како и на сопствениците на станови и деловни простории лоцирани на подрачјето на Автокоманда, од претходниот снабдувач ЕСМ Подружница Енергетика.

Новите потрошувачи од населбата Автокоманда, фактурите за топлинска енергија за месец февруари ќе ги добијат во месец март и истите во иднина ќе ги добиваат од ЕСМ Снабдување со топлина. За домаќинствата фактурите нема да бидат зголемени во однос на претходните кои ги добивале од ЕСМ Енергетика. Деловните потрошувачи и образовните институции кај кои наплатата се врши по мерач ќе плаќаат по пониски тарифни ставови за топлинска енергија.

Испораката на топлинската енергија до сите потрошувачи ќе се врши согласно законската и подзаконската регулатива по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури.

 

За ЕСМ Снабдување од посебна важност е зголемување на довербата и подобрување на комуникацијата со потрошувачите и токму затоа отворен е уште еден, нов пункт за потрошувачи кој се наоѓа во населбата Автокоманда на ул Јани Лукровски бр.8 локал 4.

На потрошувачите од населбата Автокоманда, ќе им бидат достапни сите информации и услуги кои ги нуди ЕСМ Снабдување со топлина на веб страницата на сите свои потрошувачи, како информации за локација на пункотвите и работното време, за “Центарот за грижа на потрошувачи”, достапен е формуларот за е-фактура и договорот за снабдување како и електронскиот систем за плаќање на фактури. На веб страницата се поставени и известувања за дефекти во дистрибутивниот систем.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е потрошувачите од населбата Автокоманда да склучат “Договор за снабдување со топлинска енергија” со новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина кон кого ја имаат обврската за плаќање на услугата од 01.02.2023. Договорот е одобрен од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ.

За таа цел потрошувачите на чие име се води сопственоста на станбениот или деловниот простор, потребно е да го симнат договорот поставен на веб страницата на ЕСМ Снабдување, да го испечатат во два примерока, да ги пополнат и двата примерока и лично да ги предадат во еден од Пунктовите  за потрошувачи на ЕСМ Снабдување. За потрошувачите кои немаат можност за пристап до веб страницата, договорите ќе бидат достапни и во Пунктовите. При поднесување на договорот потребно е потрошувачите да приложат на увид документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач.

Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, може да ополномошти друго лице, кое во негово име ќе го потпише потребниот договор.

По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување со топлина, истиот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот наведена во договорот и со тоа договорот ќе се смета за склучен.

Доколку е настаната статусна промена на сопственост (купопродажба, решение за наследување и сл) потрошувачот е потребно да приложи на увид документ за идентификација како и документ со кој се докажува сопственоста на посебен дел од објектот како имотен лист, купопродажен договор или решение за наследување.

Ги повикувамe потрошувачите за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

Заради навремено отклонување на пријавени дефекти, потребно е нашите екипи да имаат пристап до топлинсkите станици. Затоа аплелираме до заедниците на станари во сите објекти, вклучително и објектите во Автокоманда, во комуникација со Центарот за грижа на корисници, да обезбедат пристап за екипите за одржување до топлинските станици.

Со почит,

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022