Информации за испораката на топлинска енергија на почетокот на грејната сезона, при променливи временски услови

Испораката на толинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ се одвива во согласност со одредбите од  Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Овие подзаконски акти ја регулираат оваа проблематика и ги дефинираат условите и начинот на испорака на толинската енергија до крајните потрошувачи. Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи е поврзано со висината на надворешната темература во различни периоди од грејната сезона во различни периоди од денот, при што како релевантни, се земаат податоците за надворешна температура од Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија.

Со Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија е регулирано функционирањето на системот на различни надворешни температури, посебно за работни денови и викенд и празници. Тие се обемни и точно прецизираат правила за испорака на топлинска енергија во различни периоди од грејната сезона во различни периоди од денот.

За почетокот од грејната сезона во месеците октомври и првата половина на ноември кога надворешните временски услови се променливи, регулиран е почетокот на испораката на топлинска енергија во утринските саати, како и прекините во испораката на топлинска енергија при сончево време и при облачно време, прекините на испораката при крајот на денот како и стартувањето на испорака на топлинска енергија при направените прекини. Имено, согласно овие правила, топлинската енергија се испорачува до крајните потрошувачи согласно измерените надворешни температури и од атмосферските услови во различни периоди во денот и мерењето се врши секојдневно.

Со ваквиот начин на испорака на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење за потрошувачите. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица. Во периодите кога има испорака на топлинска енергија преку системот за централно греење, таа се регистрира на мерилото, додека во периоди кога нема испорака на топлина  на мерилото не се регистрира енергија.

Потрошувачите во периодот август-април добиваат авансни сметки-фактури, а разликата на количината на испорачана топлинска енергија до потрошувачите (што е регистрирана на мерилата во топлинските станици) од прогнозираната во авансните фактури, ќе биде израмнета во сметките што потрошувачите ќе ги добијат во текот на мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување.

Повисоките надворешни температури во одредени денови во однос на очекуваните во текот на грејната сезона, влијаат на намалување на потрошувачката на топлинска енергија кај потрошувачите, а тоа директно влијае и на порамнителните фактури за топлинска енергија. Важно е да се потенцира во текот на целата година, во своите сметки на задната страна добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, колкава е ангажираната моќност и колкава е разликата помеѓу реалниот и надоместокот кој потрошувачите го авансирале со авансните факури.

 

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и  075400100.

Со почит,

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје

Архива на известувања

Сите права се задржани. ЕСМ снабдување со топлина 2022

Edit Template